Реал Мадрид, по завршувањето на сезоната ќе донесе најмалку еден централен дефанзивец во тимот. Челниците на „кралскиот клуб“ се принудени на ваков потег, бидејќи нема да им понудат нови договори на Давид Алаба и Антонио Ридигер, додека Едер Милитао не може да фати континуитет поради честите повреди во изминатите три сезони.
Реал има план да ги поремети плановите на најголемиот ривал, Барселона. „Билд“, тврди дека во летниот преоден рок, Реал ќе се обиде да го донесе Нико Шлотербек, од Борусија Дортмунд. За германскиот репрезентативец, неодамна во суперлативи говореше тренерот на Барселона, Ханси Флик.
26-годишниот има договор со Борусија Дортмунд до 2027 година, клубот за него помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Реал има план како да ја намали сумата што ја бараат во Дортмунд. Наводно, подговтиле фиксен дел од 35 милиони евра и подготвеност во Дортмунд да испрата двајца талентирани играчи од својата академија.








