[ВИДЕО] Се враќа „Malcolm in the Middle“: Објавен трејлер за продолжението на популарната серија од почетокот на 2000-те

Точка

30/12/2025

08:03

306

Големина на фонт

а а а

Рибутот на ситкомот од почетокот на 2000-тите „Malcolm in the Middle: Life's Still Unfair“ пристигнува на 10-ти април, а сега е објавен и првиот трејлер.

Новата серија го следи возрасниот Малколм (Френки Муниз), кој заедно со својата ќерка (Кили Карстен) повторно се обединува со семејството, откако повеќе од десет години се држеле на дистанца од нив.

„Мојот живот сега е фантастичен. Сè што требаше да направам беше да се држам подалеку од моето семејство“, вели Малколм во трејлерот.

Меѓутоа, тој повторно се наоѓа вплеткан во семејната динамика кога неговите родители, Хал (Брајан Кранстон) и Лоис (Џејн Качмарек), бараат од него да присуствува на нивната забава по повод 40-годишнината од бракот. Секако, настанува хаос.

Оригиналната серија „Malcolm in the Middle“ се прикажуваше на „Fox“ во седум сезони, од 2000 до 2006 година. Речиси сите главни актери од серијата се враќаат во новата верзија, вклучувајќи ги Муниз, Качмарек, Кранстон, Крис Кенеди Мастерсон, Џастин Берфилд и Еми Колигадо.


Како што беше претходно најавено, Кејлеб Елсворт-Кларк ја презема улогата на Дјуи. Други нови членови на актерската екипа се Вон Мари и Киана Мадеира.

Линвуд Бумер е креатор на оригиналната серија и се враќа како сценарист и извршен продуцент.