Ленард го одигра мечот на кариерата на 34 години, Дончиќ доминираше во триумфот на Лејкерс

Дерби

29/12/2025

11:24

120

Големина на фонт

а а а

Каваи Ленард долги години е голема НБА ѕвезда и како играч со два шампионски прстени важеше и за најдобар во еден момент, но како што стојат работите, мораше да чека до 34 години за да го одигра мечот на кариерата.

Ленард остави зад себе неверојатна вечер во победата која ја оствари Лос Анџелес Клиперс на домашен терен, бидејќи во триумфот над Детроит со 112:99 Кави за првпат имаше партија со +50 поени.

Ѕвездата на Клиперси доминираше во секоја смисла на зборот и го заврши натпреварот со 55 поени, 11 скокови и 2 асистенции, изведба со која само потврди дека се уште може да нуди партии како во најдобрите денови во Сан Антонио и Торонто.

Од друга страна, победа оствари и Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен против Сакраменто со 125:101, а на овој натпревар пак доминираше Лука Дончиќ со 34 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

Добра партија имаше и Леброн Џејмс кој го заврши мечот со 24 поени, додека од Сакраменто се истакна ДеРозан со 22 поени.