[ВИДЕО] Отишла на ламинација на веѓи, па го покажала резултатот: Следеле урнебесни коментари

Точка

27/12/2025

17:01

1.245

Големина на фонт

а а а

Ламинацијата на веѓи, полутраен третман за обликување и фиксирање на влакненцата, во последните години стана исклучително популарен бјути тренд.

Жените го прифатија со цел да постигнат пополнет и уреден изглед на веѓите, но понекогаш резултатите можат да бидат далеку од посакуваните, за што сведочи и приказната на една спортистка.

Божиќна бјути катастрофа

34-годишната рагбистка Емили Рaџ, минатата година одлучила за првпат да проба ламинација на веѓи, и тоа непосредно пред божиќните празници. За жал, брзо сфатила дека направила голема грешка откако го видела резултатот, кој корисниците на социјалните мрежи подоцна го нарекоа „злосторство“.


Своето неуспешно искуство таа сега го сподели на социјалните мрежи. „Кога ќе згрешите и ќе одите на ламинација на веѓи (првпат) непосредно пред Божиќ“, напиша таа покрај видеото во кое најпрво го крие лицето со рацете, а потоа ги открива драматично стилизираните веѓи.

Споредби со Гринч и Брежњев

Новите, исклучително нагласени веѓи биле толку впечатливи што многумина ја споредиле со Гринч, па дури и со покојниот советски лидер Леонид Брежњев. Поради катастрофалната трансформација, спортската ѕвезда била принудена да прибегне кон креативно решение за да го сокрие ваквото промашување.

„Капата на Дедо Мраз буквално ми го спаси животот… Потсетување на Божиќ минатата година (2024)“, напиша Емили во описот на објавата, која предизвика бројни коментари.


Многумина останале во неверување. „Како можеле да те пуштат да си заминеш вака?“ прашал еден следбеник. Друг се пошегувал: „Сигурна ли си дека си рекла дека ‘сакаш да ги направиш за Божиќ’, а не дека ‘сакаш да го украдеш Божиќ’?“, напишал друг, алудирајќи на популарниот лик Гринч.

Не е единствена

Во коментари се јавија и други љубители на бјути трендовите, кои ги споделија сопствените неуспеси. „Ламинацијата на веѓи не е за нас. Јас ја направив едно лето и со недели изгледав како Мистер Бин“, напишала една корисничка.

Друга понудила и решение: „Го имав истиот проблем и веднаш по третманот ги протрив веѓите со масло и сапун и ги исчеткав“. Откако го виделе искуството на Емили, некои решиле целосно да го прескокнат овој третман. „Ја прецртав ламинацијата на веѓи од списокот со обврски“, заклучила една следбеничка.