Популарната водителка отпатува со семејството во потоплите краишта, каде заедно го дочекаа Божиќ на плажа и уживаа во заедничкото време.
Познатата водителка Дилета Леота неодамна ги израдува сите кога на социјалните мрежи објави дека со својот избраник Лорис Кариус очекуваат второ дете.
Бременоста не ја спречи Дилета да продолжи да позира во провокативни фустани, само што овој пат во центарот на вниманието е трудничкиот стомак.
Со провокативните кадри продолжи и на плажа, радувајќи ги сите кои ја следат.
„Првиот Божиќ на плажа, со нетрпение чекаме да те запознаеме“, напиша таа во описот на својата објава.
Бидејќи кон објавата додаде и сино срце, многумина претпоставуваат дека со тоа го навестила полот, односно дека парот очекува момче. Пред две години добија девојче.
Дилета позирала во неколку различни костими за капење и покажа дека и понатаму изгледа совршено, а нејзините божиќни фотографии брзо станаа главна тема.
„Ти си најзгодната трудница на светот“, гласи еден од коментарите.
Сексапилната водителка и фудбалерот се во брак од минатата година, а врската ја започнаа во 2022 година. Извесно време беа актуелни написите за нивната наводна брачна криза, но очигледно до неа не дошло или парот успеал да ја надмине без поголеми проблеми.








