Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ ги разнежни своите следбеници откако на социјалните мрежи објави фотографии од божиќно дружење во својот стан, придружени со исклучително лична и емотивна порака.
Иако објавата започнува како топол празничен поздрав, пејачката изненади со признанието дека ова е нејзиниот последен Божиќ во домот во кој живеела со години.

Во објавата, Северина напиша дека станот „памети празници, родендени, радости, смеа, тага и жал“, нагласувајќи дека токму ѕидовите на тој простор ги чуваат најубавите приказни – раскажани околу масата, со луѓето кои ѝ значат најмногу.
„Опкружени со луѓе пред кои можеш да бидеш свој и нивен, и нивен пријател, а тие мои – во секое време од денот и ноќта. Среќа е и Божиќ е секој ден кога знаеш дека никогаш не си сам“, напиша таа.
Со фотографиите од празничната атмосфера, споделена со семејството и блиските пријатели, пејачката испрати и значајна порака – дека најголемата желба ѝ е секој човек да има свој круг луѓе кои ќе го сакаат, почитуваат и поддржуваат.
„Тоа јас го имам и на тоа сум вечно благодарна“, порача Северина, завршувајќи со едноставно: „Среќен Божиќ“.
Иако не ги откри причините за заминувањето, ниту пак каде ќе продолжи да живее, од нејзините зборови е јасно дека разделбата со овој дом не е лесна.

Станот, кој го купила во почетокот на 2000-тите години, ретко го прикажувала во јавноста, но токму овој празничен момент откри колку силна емотивна врска има со просторот што, како што самата вели, бил сведок на нејзините најинтимни животни фази.









