Бруно Фернандеш пропушти само три натпревари за Манчестер Јунајтед во изминатите шест години поради повреда или болест, па затоа за фановите ќе биде и малку чудно што нема да го гледаат капитенот во тимот во наредните три-четири недели.
Поради мускулна повреда која ја заработи на дербито со Астон Вила, Бруно ќе биде во аут во овој празничен период, а во пресрет на новата дерби пресметка која следи со Њукасл на „Боксинг деј“, менаџерот Рубен Аморим пронајде и една позитивна страна во отсуството на Фернандеш.
Во отсуство на лидерот во средниот ред, шанса за докажување ќе имаа останатите играчи, па затоа Аморим бара од достапните фудбалери да преземат поголема одговорност и да истапат во период кога покрај Бруно, тој не може да смета и на Мејну, Мегваер и Де Лихт поради повреда, како и на Мбеумо, Диало и Мазарауи кои се на АФКОН.
– Невозможно е да се замени Бруно, но имав јасна порака за тимот во соблекувалната. Треба да ги извлечеме и добрите работи од ова отсуство.
– Ако постои една добра работа, тоа е дека другите играчи треба да истапат и да се прикажат во најдобро можно светло. Знаеме дека не можеме да се потпираме само на еден играч, понекогаш премногу се потпираме на Бруно и бараме многу нешта од него, но сега ќе мора да го пребродиме овој период без него, – изјави Аморим.







