Омерагиќ одговори и на најнепријатното прашање пред новинарите: Го користат мојот син за да водат битка против мене

Дерби

25/12/2025

11:11

257

Големина на фонт

а а а

Новогодишното интервју на Масар Омерагиќ беше доволно долго за да се прикаже во неколку вести, а во брифингот кој го имаше со македонските новинари, првиот човек на Федерацијата даде одговор и на прашањето кое долго се провлекува во јавноста.

Како прв човек на Федерацијата, Масар често се наоѓа на удар поради фактот што неговиот син Азер е недопирлив стартер и капитен во тимот на Вардар, па Омерагиќ доби директно прашање дали неговиот наследник добива привилегии само поради тоа што тој е претседател на ФФМ.

– Уморен сум од тоа прашање. Мојот син има право да игра фудбал, луѓето кои сакаат да водат битка со мене, сакаат да го користат Азер како нивно оружје и тоа е нивно право.

– Сепак, тие не можат толку да удираат, колку што јас и Азер можеме да издржиме. Од друга страна сум им благодарен на тие критичари, бидејќи токму тие прават Азер да има посилен карактер.

– Јас воопшто не се мешам во неговата кариера, тој играше фудбал уште пред да станам претседател на ФФМ и не знам зошто луѓето сакаат толку да го споменуваат. Азер игра фудбал, тој е одлично и скромно момче и не знам зошто се води битка со мене преку него. Тоа повеќе говори за нив, отколку за мене, – порача Омерагиќ.