Рафиња се врати во родниот Бразил и приреди специјално божиќно изненадување за најранливите семејства

Дерби

25/12/2025

10:44

160

Големина на фонт

а а а

Рафиња прерасна во голема ѕвезда на Барселона и со право ужива посебен статус кај тренерот Ханси Флик, а покрај квалитетите кои ги прикажува на фудбалскиот терен, Бразилецот сега воодушеви и со потезите во родниот Бразил.

Големите ѕвезди од Ла Лига добија малку подолг одмор поради двонеделната пауза за божиќните и новогодишните празници, а тоа го натера Рафиња да се врати во својата земја и да организира добротворен настан.

Заедно со својата сопруга, Рафиња делел храна и подароци за семејствата на кои им е потребна таква помош, гест кој секако наиде на огромен поздрав во јавноста.

Ѕвездата на Барса покажа класа и ги воодушеви своите сонародници, па медиумите им порачаа на останатите фудбалери да земат пример од Рафиња и да им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна.

Ова изненадување пристигнаа воочи Божиќ, бидејќи големиот христијански празник се слави во Бразил на 24-ти и 25-ти декември.