Овен го избра најпотценетиот соиграч од Ливерпул: Никој не зборува за него, а тој е легенда во моите очи

Дерби

25/12/2025

10:38

175

Големина на фонт

а а а

Мајкл Овен имаше можност да биде дел од неколку големи клубови и насобра искуство кое му дава за право да дели мислења за квалитетите кои ги поседуваа одредени фудбалери, но кога се навраќа на своите почетоци и брилијантната етапа во Ливерпул, славниот напаѓач издвојува едно име кое според него е максимално потценето.

Сами Хипија беше столб во одбраната на Ливерпул една деценија и беше исклучително стандареден и стабилен фудбалер, но бидејќи никој не го вбројува меѓу играчите кои беа значајни за успесите во првата декада од новиот век, Овен го смета Финецот за најпотценет соиграч во својата кариера.

– Најпотценет соиграч кој сум го имал во кариерата е Сами Хипија. Ливерпул за него плати само 2,5 милиони фунти, а тој беше извонреден во сè што правеше на теренот.

– Кога ги слушам луѓето како зборуваат за најдобрите дефанзивци кои играле во Премиер лигата, никој не го споменува него. Тој беше извонреден, неверојатно стабилен фудбалер и е легенда во моите очи.

– Има работи кои луѓето не ги забележуваат, но тој беше многу добар и за мене е на врвот на најпотценети играчи кои ми биле соиграчи, – потенцира Овен.

Хипија двапати беше избран во дел од тимот на годината на Премиер лигата, а ја добиваше наградата за најдобар играч во Финска дури десет пати во кариерата.