Иако „FBI“ тврди дека одлуката е донесена поради заштеда за даночните обврзници, изборот на странско возило наместо американски бренд повторно го отвори прашањето за политиката „America First“ во пракса.
„FBI“ незабележливо ги замени досегашните блиндирани возила „Chevrolet Suburban“ со нова флота "SUV" модели „BMW X5 Protection“, наменети за директорот на агенцијата Каш Пател.
Како причина се наведени пониските трошоци и желбата за „помалку упадливи“ возила, иако изборот на германски премиум бренд привлече внимание во јавноста.

Портпаролот на „FBI“, Бен Вилијамсон, потврди дека се набавени повеќе возила „BMW X5 Protection“ и истакна дека тие биле поповолни од другите разгледувани опции.
Според наводи од извори блиски до агенцијата, ново блиндирано возило „Chevrolet Suburban“ би чинело околу 480.000 долари, што е повеќе од двојно во однос на „BMW“.

Треба да се спомене дека „BMW X5 Protection VR6“ се произведува во Јужна Каролина, додека оклопната заштита дополнително се вградува во рамки на специјализиран процес.
Возилото е дизајнирано да изгледа речиси исто како стандардниот X5, но нуди висок степен на заштита од огнено оружје, вклучително и пушки како „AK-47“.

Под хаубата се наоѓа 4,4-литарски V8 битурбо мотор со 530 коњски сили (390 kW), во комбинација со погон на сите четири тркала.
Внатрешноста е луксузно опремена, а достапни се и дополнителни безбедносни надградби, како засилена заштита на подот и покривот, вклучително и заштита од напади со дронови.

Иако „FBI“ тврди дека одлуката е донесена поради заштеда за даночните обврзници, изборот на „BMW“ наместо американски бренд повторно го отвори прашањето за политиката „America First“ во пракса, пишува „Carscoops“.












