Совети од пензиските друштва за стабилна финансиска иднина

Точка

24/12/2025

15:14

278

Големина на фонт

а а а

Крајот на годината секогаш носи свој ритам: се сумираат постигнатите цели, се прават планови за нови почетоци и се поставуваат приоритети за годината што доаѓа.

Во тој процес треба да се вклучи и една важна тема - личната финансиска стабилност и свесноста за сопствените пензиски средства, препорачуваат КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје.

Иако пензијата за многумина звучи далечно, експертите од пензиските друштва истакнуваат дека токму сега, периодот на планирање, е најдобар момент да се погледне и кон она што ја обликува долгорочната сигурност на секој вработен човек: вториот пензиски столб и сопствената пензиска сметка.

Во продолжение се издвоени најкорисните препораки за секој граѓанин кој сака да ја разбере својата финансиска позиција и да ја обезбеди својата иднина.

Следете ги годишните извештаи – тие се вашата финансиска слика во еден документ

Секој член на задолжителен пензиски фонд добива годишен извештај од своето пензиско друштво. Тоа е документ кој во само неколку страници ја содржи целата приказна за тоа како расте вашата пензиска заштеда.

Експертите нагласуваат дека токму во овој извештај јасно е истакнато:

• уплати и исплати од вашата лична сметка,

• колку средства се акумулирани во вашата лична сметка,

• колкави биле приносите во текот на годината,

• кои трошоци се наплатени,

• и каде се инвестирани пензиските заштеди на членовите на фондовите

Ова е реален приказ на тоа како изгледа дел од вашата иднина.

Онлајн сервисите се најбрзиот начин да ја следите вашата заштеда

Во време кога сè се движи дигитално, граѓаните имаат директен пристап до сопствената пензиска сметка 24/7. Пензиските друштва нудат безбеден онлајн пристап, каде секој член може да:

• ја провери актуелната состојба на сметката,

• ги следи уплатите по месеци,

• ги види остварените приноси,

• да ажурира лични податоци и др.

Овој вид транспарентност е редок во други финансиски системи. Експертите велат дека ова е едно од најмоќните средства што граѓаните ги имаат за следење на сопствениот капитал.

Разбирањето на вториот столб е клучно за долгорочно планирање

Факт е дека многу граѓани сè уште го доживуваат вториот столб како „дел од придонесите“ без длабоко да размислат што навистина значи тоа. Во суштина, вториот столб претставува:

• лична пензиска сметка,

• средства кои се инвестираат на долг рок,

• заштеда која е одвоена од имотот на пензиските друштва,

• средства кои се чуваат кај банка-чувар на имот,

• пари кои не можат да бидат предмет на извршување,

• и со кои ниту една институција не може да располага.

Оваа сметка е дел од вашиот личен имот, заштитена со висок степен на законска контрола.

Разберете ги опциите за исплата пред да дојде времето за пензија

Во моментот кога граѓанинот ќе се приближи до пензионерската возраст, му се отвораат неколку можности за користење на средствата од вториот столб.

Секоја од овие можности има свои предности, и затоа финансиските експерти велат дека информираноста за сите опции уште пред пензионирањето им овозможува на граѓаните да донесат одлука која е најповолна за нив.

Информираноста е најсилната финансиска алатка што ја има секој граѓанин

Пензискиот систем е многу регулирана и контролирана сфера. Препораката на експертите е граѓаните редовно да се информираат преку:

• редовни извештаи,

• редовните објави на нови состојби на веб страните на Друштвата и МАПАС

• комуникација со службите за корисници на пензиските друштва,

• официјални известувања од МАПАС.

Колку повеќе граѓаните посветуваат внимание за увидво сопствената пензиска сметка, толку поголема контрола имаат над својата финансиска иднина.

Повеќе информации на оваа тема, како и одговори на сите важни прашања поврзани со пензиската заштеда, може да се прочитаат на едукативниот блог на penzija.mk.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.