Руни обелодени за што најмногу жали во неговата кариера: Не требаше…

Дерби

24/12/2025

10:36

202

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни е еден од играчите кои оставија голема трага кога се во прашање фудбалерите од островот, играч кој со Манчестер Јунајтед освои се што можеше, а притоа имаше и одлични настапи во англиската репрезентација каде еден период беше и прв стрелец, рекорд кој потоа му го собори Хари Кејн.

Руни денеска се повеќе го гледаме како стручен аналитичар, но одвреме навреме добива и можност да се присети на играчката кариера. Тој дефинитивно жали за еден момент кога е во прашање оваа приказна, а тоа е што настапил на Светското првенство во 2006 година, настан пред кој заработи повреда, но брзаше да се врати и успее во тоа, меѓутоа самиот признава дека не бил максимално подготвен.

- Најмногу жалам што отидов на Светското првенство во 2006 година. Не бев фит, не требаше да одам, а потоа заврши со добивање црвен картон. Ако се вратам, веројатно немаше да одам, - вели Руни кој скрши три коски на неговата нога на само два месеци пред мундијалот во Германија.