Матија Перин може да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, потег кој пак ќе донесе реакција од поранешниот италијански шампион.
Имено голманот сака да се врати во Џенова каде би бил прва опција кај Даниеле Де Роси, трансфер кој Јуве би го прифатил под нивни услови. „Старата дама“ не сакаат само така да го ослободат Перин, туку сакаат надомест за трансфер како дел од секој договор.
Јуве веќе и почнал да ги проценува алтернативните опции за засилување на голманската позиција, па се споменуваат Ливаковиќ, Мандас и Леали.
Инаку Перин потекнува од школата на Џенова, играше долго време таму, а потоа одработи и втор мандат како позајмен од Јувентус.







