Џака со порака до ѕвездите на Реал: Посебно ценам еден квалитет на Чаби

Дерби

24/12/2025

08:29

395

Големина на фонт

а а а

Стриминг сервисот „ДАЗН“ ексклузивно го емитува 70-минутниот документарец посветен на Чаби Алонсо, односно филмот кој е посветен на еволуцијата која ја имаше шпанскиот стручњак во тренерските води во изминативе неколку години.

Документарецот кој го носи насловот „Архитектот“ премиерно се прикажа во текот на вчерашниот ден, а во него говорник е и Гранит Џака кој ја освои Бундеслигата под водство на актуелниот тренер на Реал Мадрид.

Џака има големо мислење за Чаби и резултатите кои ги оствари во Баер Леверкузен, од едноставна причина што Шпанецот пристигна во Германија без никакво позначајно искуство на врвно ниво.

– Пристигна како тренер кој немаше големо искуство на најголемата сцена, но дефинитивно имаше карактер. Кога ќе влезеше во соблекувалната и ќе почнеше да зборува, сите беа максимално концентрирани и го слушаа. Секој збор ќе го кажеше беше чиста вистина.

– Се што кажуваше, кажуваше директно, не беше лажен, беше автентичен. Кога еден играч ќе почувствува дека си автентичен, не е важно дали победуваш или губиш. Во сите големи тимови има ега, но на Чаби не му се важни имињата, а исто така, воопшто не му е важно колку се платило за одреден играч. Него го интересира само тоа што го гледа на теренот и тренинзите. Сака да види како се борите, а ако на тоа се покажете и како добар на тренинг, сигурно ќе ви даде шанса. Тоа е квалитетот кој најмногу го ценам кај Чаби, – вели Гранит.