Стефан Филиповски од „Некст тајм“ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга Тинеа, споделувајќи фотографија од нивната свадба и кратката порака „среќен роденден ми амор“, која веднаш привлече внимание кај јавноста.
Објавената фотографија е потсетник на нивната свадбена прослава, која следеше по црковната венчавка што се одржа летово во Скопје во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Свадбата беше организирана во тесниот круг на семејството и пријателите, а атмосферата беше опишувана како елегантна, интимна и исполнета со емоции. Фотографиите од настанот тогаш беа широко споделувани и коментирани, особено поради достоинствениот и ненаметлив изглед на младенците.

Филиповски и Тинеа со години ја градеа својата врска на релација Скопје–Виена, а токму далечината, како што тој самиот има раскажано во неколку наврати, била еден од најголемите предизвици. Според неговите изјави, нивната љубов не започнала со класична романса, туку постепено се развивала, а пресуден момент бил периодот за време на пандемијата, кога одлуката да се биде заедно станала приоритет.
Во јавните настапи, Стефан ретко зборува за приватниот живот, но кога го прави тоа, Тинеа ја опишува како негова поддршка, мир и стабилност, личност со која, како што вели, научил што значи партнерство и трпение. Нивната приказна често се наведува како пример за врска што успеала да опстои и покрај физичката оддалеченост и различните животни обврски.
Со роденденската честитка и изборот на свадбена фотографија, Филиповски уште еднаш ненаметливо ја сподели својата емоција со јавноста, покажувајќи дека и по свадбата, интимните моменти и вниманието кон сопругата остануваат важен дел од нивното секојдневие.
Автор: Ц.Н.










