[ВИДЕО] Балерината Стефанија Гаштарска за разводот на нејзините родители: „Со татко ми не зборувам една година, се тргна на страна кога најмногу нѝ требаше“

Точка

23/12/2025

15:37

775

Големина на фонт

а а а

Македонската балерина Стефанија Гаштарска, која е првата Македонка која стана дел од ансамблот на престижниот театар Бољшој во Русија, гостуваше во поткастот „Reset“ на Нина Ред.

Во поткастот, кој се фокусира на менталното здравје, Стефанија зборуваше за својот личен живот и за првпат проговори за односот со нејзиниот татко.

Нејзината мајка Марија Крстевски, која го има и синот Давид, е солист во Македонската опера и балет и дипломиран балетски педагог и репетитор, а често знаат и двете да гостуваат на емисии во кои зборуваат за заедничката љубов кон балетот.


Во „Reset“ Стефанија неодамна откри дека нејзините родители се развеле кога таа имала 3 години, но имала среќно детство. За татко ѝ вели дека се лути што не го спомнува на поткасти и дека тоа најмногу ја боли од сè.

„Јас со татко ми не зборувам веќе една година затоа што тој се тргна на страна кога најмногу нѝ требаше. Мене татко ми воопшто не ми е во глава затоа што тој не бил тука“, вели таа.

„Ме сакал, не викам не, сум имала поддршка, ама не било само тоа доволно во тие моменти“.


Гаштарска вели дека разводот не го гледа како нешто трагично, туку како дел од животот и додава дека сите свои успеси ги должи на мајка ѝ, која буквално го посветила животот на неа.

„Јас имав љубов и од мајка ми и од татко ми, имав сè што ми треба, но беше потребна помош – материјална, не емоционална. Тоа беше најтешкото во тие моменти. Поради тие материјални проблеми, мајка ми не можела да спие и сум ја гледала како плаче, а татко ми си живеел свој живот, си се грижел за себе“.

Во продолжение погледнете го целиот разговор: