Багдатис: Да сум на местото на Ѓоковиќ…

Дерби

23/12/2025

12:49

384

Големина на фонт

а а а

Маркос Багдатис своевремено беше еден од најдобрите светски тенисери, рекет на кого најдобриот пласман му беше осмото место на АТП листата и кариерата ја заврши со четири освоени титули.

Тој денеска е во „пензија“, па и од друг агол може да ги гледа тениските случувања, па така Маркос кој остана на нула во битките со Новак Ѓоковиќ (осум порази во осум натпревари) го советува Србинот да продолжи да игра без разлика на тоа што Јаник Синер и Карлос Синер се ниво над него во овој момент.

- Од година во година е јасно дека неговите шанси се намалуваат. Но, тој е сè уште таму, меѓу првите пет тенисери во светот, сè уште се натпреварува со првите двајца, тројца. Колку долго ќе остане таму зависи од него, особено од неговата мотивација, дали сè уште ужива во играњето на тоа ниво. Да бев на негово место, не би се пензионирал, но повторно, сè зависи од него, - порача Багдатис.