Нема ниту еден играч од Ливерпул и Челси: Карагер го избра тимот на сезоната во Премиер лигата

Дерби

23/12/2025

12:44

181

Големина на фонт

а а а

Некогашниот англиски репрезентативец и сегашен стручен аналитичар, Џејми Карагер го состави идеалниот тим за досегашниот дел од оваа сезона во Премиер лигата.

Зад нас се 17. кола што значи сме многу блиску до средина на актуелнава кампања, па има доволно материјал за анализи, заклучоци. Во тимот на Карагер немаше место за ниту еден играч на Ливерпул и Челси, две екипи кои имаат доста променливо годинава, ама не се премногу далеку и од врвот, поточно се наоѓаат на четвртото и петтото место.

На голот е Руфс од Сандерленд, одбрана ја соочуваат по двајца играчи од Арсенал и Кристал Палас (Калафиори, Габриел, Муњоз и Геји), на средината е тројката Рајс, Џака, Фернандеш, додека во нападот сосема очекувано е Халанд, плус Роџерс и Семењо.