[ФОТО] Претепаниот Џејк Пол крена прашина со контроверзна објава со пари по излегувањето од болница: „Американскиот сон“

Точка

22/12/2025

14:18

904

Големина на фонт

а а а

Американскиот боксер и Јутјубер Џејк Пол крена голема прашина со објава непосредно по излегувањето од болница, каде што заврши по бруталниот нокаут што му го нанесе Ентони Џошуа.

Пол се здоби со повреда во петтата рунда од борбата во петокот, а Џошуа славеше по импресивна серија удари во наредната рунда.

Со оваа победа, Џошуа го подобри својот скор на 29:4, додека Пол има сооднос 12:2. Сепак, по борбата тој заработи скршеница на вилицата и извесно време помина во болница.


По излегувањето од болница, Пол се огласи на социјалните мрежи со контроверзна објава, во која уште еднаш го истакна својот раскошен начин на живот.

Јутјуберот објави фотографија од приватен авион, на која околу неговите нозе се гледаат снопови пари, торби и ќеси од „Louis Vuitton“, како и неколку пиштоли. Воедно, испрати и мотивациска порака.

„Американскиот сон. Започни го својот денес. Верувај во него. Ако паднеш, учи. Ако паднеш, не застанувај“, порача Пол.


Фановите брзо ги споделија своите мислења на социјалните мрежи. Додека дел од нив го поддржуваат „подемот“ на Пол по борбата, други го критикуваат поради ароганцијата на самата фотографија.

Инаку, двајцата борци за оваа борба заработија приближно ист износ, односно по 78 милиони евра бруто, односно по 63 милиони евра нето, по одбитоците.