Шмајхел: Ова е огромен проблем за Јунајтед…

Дерби

23/12/2025

11:49

192

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го претрпе петтиот сезонски пораз во Премиер лигата и тоа на гостувањето во Бирмингем на „Вила Парк“.

Астон Вила беше подобра со 2-1 со погодоците на Морган Роџерс, но овој негативен резултат не е најлошата вест за Јунајтед затоа што се повреди капитенот Бруно Фернандеш.

Тој беше заменет на полувремето и како што стојат работите некое време ќе го нема на терените што дефинитивно е удар за Јунајтед затоа што се работи за најдобриот играч, лидерот на екипата, човекот кој од пристигнувањето на „Олд Трафорд“ има пропуштено само 17 од вкупно 325 натпревари.

- Тоа е проблем за Манчестер Јунајтед. Тоа е проблем, тоа е огромен проблем бидејќи тој е лидер на тимот, капитен на тимот. Не го гледаме најдоброто од него бидејќи игра на позиција што не е негова примарна позиција, ако сакате. Тој е подобар како десетка, но системот навистина нема таква позиција за него.

- Потревен им е таму, тој е еден од нив што може да им помогне на сите играчи околу него. Без никаков сомнеж, тој е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед во последните многу години, - истакна легендарниот Питер Шмајхел.