Екипата на Партизан официјално го потврди името на новиот тренер, наследникот на Жељко Обрадовиќ.
Во изминатиов период таа функција привремено ја извршуваше Мирко Оцоколиќ за да денеска клубот од Белград ја информира јавноста дека е постигнат договор со шпанскиот стручњак Жоан Пењароја.
Пењароја до пред некое време ја водеше Барселона каде заработи отказ поради лошите резултати, меѓутоа коцките се наместија и по кратката пауза се враќа со нов значен предизвик како предводник на „црно-белите“.
Тој најголемите успеси како тренер ги имаше со Бургос, тим со кој двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА и ФИБА Интерконтиненталнит Куп. Има работено и во Валенсија, Басконија, Андора и Манреса.
Ова не е единствената вест од Партизан затоа што клубот доби и засилување во играчкиот кадар и тоа на плејмејкерската позиција во името на Камерон Пејн. Пејн беше 14 пик на драфтот во 2015 година, има одиграноо преку 500 натпревари во НБА за Оклахома, Чикаго, Кливленд, Феникс, Милвоки, Филаделфија и Њујорк Никс.







