Неверојатниот Шеј го испиша своето име во историјата, Јокиќ испорача нов трипл-дабл

Дерби

23/12/2025

11:15

118

Големина на фонт

а а а

Актуелниот МВП на НБА лигата, Шеј Гилџес-Александер одигра уште еден одличен меч во дресот на Оклахома Сити Тандер и го одведе својот тим до победа над Мемфис Гризлис од 119:103.

Плејмејкерот уфрли 31 поен, плус собра 10 скока, испорача 8 асистенции со 4 украдени топки и 1 блокада, партија со која го испиша своето име во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.

Ова за Шеј беше 100. натпревар во низа со 20+ поени со што стана втор играч по славниот Вилт Чембрлејн со ваков учинок. На Канаѓанецот нема да му биде лесно да го надмине Вилт кој има 128 вакви мечеви, но со оглед на тоа како игра и под услов да биде поштеден од некоја повреда тогаш е возможно и да се искачи на врвот на оваа листа.

Никола Јокиќ пак од друга страна беше лидер на Денвер Нагетс во славјето над Јута Џез од 135:112. Србинот беше шести стрелец во својата екипа, ама за 29 минути на теренот забележа трипл-дабл од 14 кошеви, 13 скока и 13 асистенции.

Мари се истакна со 27 поени, додека кај поразените исто толку кошеви даде Марканен.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Шарлот 139-132

Бостон – Индијана 103-95

Њу Орлеанс – Далас 119-113

Денвер – Јута 135-112

Оклахома – Мемфис 119-103

Голден Стејт – Орландо 120-97

Портланд – Детроит 102-110