Погледнете какви автомобили осмислија практикантите на „Nissan“

Точка

23/12/2025

08:04

1.051

Големина на фонт

а а а

„NISSAN“ следниот месец ќе се појави на „Tokyo Auto Salon“ со три исклучително интересни изложбени автомобили. Уште поинтересно е тоа што нив не ги изработиле инженери, туку студенти – практиканти на „Nissan“.

Овие автомобили нема да се најдат во продажните салони, а многу веројатно ниту во сериско производство. Сепак, секој од нив јасно укажува на богатата историја на марката, будејќи дел од традиционалните вредности на јапонската компанија. Секој автомобил претставува реинтерпретација на еден класик од минатото на „Nissan“, спојувајќи препознатливи наследни линии со современи интервенции.

Ретро-преобразба

Првиот од трите проекти е базиран на „Nissan March“, познат како „Micra“ на пазарите поблиски до нас. Овој модел е редизајниран така што потсетува на раниот „Bluebird“ од 1960-тите години, при што градскиот компакт му отстапува место на ретро-носталгијата.

Автомобилот го преработил тим студенти од „Nissan Kyoto Automobile College“, од одделот за одржување и приспособување на возила.

Нивната цел била да создадат автомобил кој особено би им се допаднал на жените, па затоа го обоиле во жива сина нијанса „Sky Mirage“, со контрастен бел покрив. Оригиналниот преден дел на возилото е целосно отстранет и заменет со нов преден поклопец, маска, светла и браници инспирирани од класичниот „Bluebird“.


„Datsun“ купе

Вториот тим од истиот кампус во Кјото тргнал по сосема поинаков пат. Како основа го земале „Datsun Sunny Coupe“ и го преработиле со низа уникатни делови, вклучително и силно проширени лакови на тркалата и нов сет бандажи. Каросеријата е лакирана во впечатлива црвена боја, која јасно дава до знаење дека станува збор за автомобил со нов карактер.

Промените не застануваат само на надворешноста. Под хаубата серискиот мотор е отстранет и заменет со „Nissan SR20“ мотор – четирицилиндричен twin-cam агрегат кој се стекна со слава во „Silvia“ од генерацијата „S15“.


„Skyline“ со препознатлив студентски потпис

Третиот и последен автомобил во оваа необична колекција е приспособен „R30 Skyline“, изработен од студенти запишани на напредната програма за одржување и изработка на каросерии на „Nissan Aichi Automotive College“. Целиот проект бил завршен за само два и пол месеци, но конечниот резултат воопшто не делува како набрзина склопен.

„Skyline“ сега доаѓа во црно-црвена комбинација на бои, со драстично изменет "body kit". Меѓу највпечатливите детали се големиот преден сплитер и високо поставеното задно крило, кои на автомобилот му даваат агресивен изглед што е невозможно да се игнорира.