Норвешката принцеза во сè потешка здравствена состојба: Веројатно ќе ѝ треба трансплантација на белите дробови

Точка

19/12/2025

16:24

383

Големина на фонт

а а а

На норвешката принцеза Мете-Марит, која боледува од хронична белодробна болест, веројатно ќе ѝ биде потребна трансплантација на белите дробови по значителното влошување на нејзината здравствена состојба, објави денеска норвешката кралска палата.

На педесет и две годишната сопруга на престолонаследникот Хакон во 2018 година ѝ била дијагностицирана белодробна фиброза, неизлечива болест на белите дробови која предизвикува тешкотии со дишењето и поради која повеќе пати била принудена да ги намалувала своите службени должности.


„Се приближуваме до точка кога трансплантацијата на бели дробови ќе биде неопходна и ги правиме потребните подготовки за да можеме да го направиме истото кога ќе дојде време“, изјавил Аре Матин Холм, професор на Одделот за пулмологија во болницата „Rikshospitalet“.

„Во оваа фаза, не е одлучено кога престолонаследничката ќе биде ставена на листата на чекање за трансплантација на бели дробови“, додал тој.

Ги откажала јавните ангажмани

Принцезата Мете-Марит во октомври повторно ги откажала своите јавни ангажмани за да се фокусира на нејзиното лекување. „Оваа есен, неколку тестови покажаа значително влошување на нејзиното здравје“, соопшти палатата денеска.


Во текот на последните месеци, во норвешките медиуми главно се појавуваа вести поврзани со нејзиниот син од претходна врска, Мариус Борг Хејби. 28-годишникот, кој е роден пред Мете-Марит да го запознае Хакон, ќе биде суден по четири точки од обвинението за силување и 28 други обвиненија, вклучително и злоупотреба на поранешни партнерки.

Неговото судење треба да започне на 3 февруари, а му се заканува затворска казна до десет години.