[ФОТО] Кажа „да“: Елена Ристеска повторно во центарот на вниманието - „Ако сте решени да ја барате раката на својата сакана...“

Точка

19/12/2025

16:34

1.054

Големина на фонт

а а а

Елена Ристеска повторно го сврте вниманието на јавноста - овојпат со фотографија на која позира со „веренички“ прстен и широка насмевка.

Објавата за кратко време предизвика многу реакции, бидејќи дел од следбениците помислија дека пејачката конечно става крај на својата долгогодишна приватност и официјално кажала „да“.


Во описот под фотографијата, Ристеска се пошегува дека „кажала ДА на накитот“ и нагласи дека станува збор за рекламна објава поврзана со нова колекција прстени. Иако нежно го пофали брендот што стои зад соработката, пејачката со насмевка ги исправи заблудите, откривајќи дека објавата не е знак за вистинска свршувачка приказна.

Нејзината шега предизвика лавина коментари - од честитки, до изненадени реакции и смеа кога следбениците сфатија дека станува збор за кампања, а не за личен момент.

Интересно е што Ристеска, и покрај долгата кариера и медиумската експонираност, приватниот живот секогаш успешно го држи подалеку од очите на јавноста. Затоа и не чуди што веднаш се разгореја шпекулации, а фотографијата накратко направи вистинска еуфорија меѓу фановите.

Со духовитиот пристап, пејачката уште еднаш покажа чувство за хумор и игра со очекувањата на публиката, но и потврди дека, барем засега, „веридбата“ останува само симпатична реклама.

Автор: Ц.Н.