Дончиќ блескаше за победа на Лејкерс, Брансон ја реши Индијана со клучна тројка

Дерби

19/12/2025

11:20

171

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс и Јута одиграа натпревар каде одбраните беа во втор план, а на крајот гостите беа тие кои се радуваа на триумф во Солт Лејк Сити.

Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс со трипл-дабл, во кој постигна 45 поени, заедно со 14 асистенции и 11 скокови, додека Џејмс го заврши дуелот со 28 поени.

Ејтон и Ривс го пропуштија овој дуел, исто како и Марканен на спротивната страна, а најефикасен во редовите на Јута беше Џорџ со 34 поени.

Џејлен Брансон постигна решавачка тројка на неколку секунди до крајот, па Њујорк славеше на класикот против Индијана на гостински терен, додека Дени Авдија со 35 поени го предводеше Портланд до победа по продолжение против Сакраменто.

Шарлот – Атланта 133:126

Индијана – Њујорк 113:114

Бруклин – Мајами 95:106

Милвоки – Торонто 105:111

Њу Орлеанс – Хјустон 133:128 п

Оклахома – ЛА Клиперс 122:101

Сан Антонио – Вашингтон 119:94

Далас – Детроит 116:114 п

Денвер – Орландо 126:115

Феникс – Голден Стејт 99:98

Јута – ЛА Лејкерс 135:143

Портланд – Сакраменто 134:133 п