Марсело за играчот на Барса кој го посакува во Реал: Сите ќе кажат Јамал, но јас…

Дерби

19/12/2025

13:29

317

Големина на фонт

а а а

Марсело остави сериозна трага со своите настапи во дресот на Реал Мадрид, па секое гостување во некој подкаст или интервју за одреден медиум носи можност за негови коментари околу ситуацијата во шпанскиот великан.

Бразилецот сега гостувал во познат подкаст, каде бил прашан кој фудбалер на ривалот Барселона би го избрал како идеално засилување за Реал.

– Сите веројатно би рекле Јамал, но јас сметам дека Педри би претставувал поголемо засилување. Според мене, поседува квалитети кои се карактеристички за најважните играчи на Реал, – рекол Марсело.

Поранешниот бек бил прашан и за очекувањата од мундијалот во САД, Мексико и Канада.

– Ова е веројатно прво светско првенство на кое голем број фаворити ќе бидат во најдобрата можна форма. Франција, Бразил, Шпанија, има најмалку пет селекции кои можат да победат. Внимавајте на Бразил и Анчелоти, мојата репрезентација е Реал Мадрид меѓу националните тимови, – вели Марсело.