Не им требаат апликации за квалитет на воздух: Овие земји се оази на чистотата додека Балканците ги „убива“ рекордната загаденост

Точка

18/12/2025

19:11

540

Големина на фонт

а а а

Додека граѓаните на Скопје и останатите делови од Македонија деновиве постојано ги проверуваат апликациите за квалитет на воздух со страв, гледајќи во виолетовите и црвени индекси кои означуваат „нездрав“ или „опасен“ воздух, на другиот крај од светот ситуацијата е целосно поразлична.

Кога воздухот во Македонија мириса на смог, а видливоста е сведена на минимум, податоците од земјите со најчист воздух делуваат речиси нереално.

Според најновото рангирање, местата со најнизок индекс на загадување (AQI) главно се островски држави и територии каде океанските ветрови имаат главна улога во прочистување на атмосферата.

1. Бахами: Светски шампион во чист воздух

На апсолутниот врв од листата се наоѓаат Бахамите. Со популација од околу 407.000 жители, оваа карипска држава бележи индекс на квалитет на воздух од само 13 отсто.


2. Бермуди и Француска Полинезија

Веднаш зад Бахамите следат Бермудите (33.967 жители) и Француска Полинезија (304.032 жители) и двете со индекс 14. Кристално чистото море тука го следи и кристално чистиот воздух.

3. Американски Девствени Острови

Овој карипски рај со популација од 105.000 луѓе, исто така може да се пофали со индекс 14, што го прави идеално прибежиште за белите дробови.

4. Порторико и Монтсерат

Со значително поголема популација од над 3,2 милиони луѓе, Порторико успева да го задржи фантастичниот квалитет на воздух со индекс 15. Ист резултат бележи и помалиот Монтсерат, дом на само 4.389 жители.

5. Барбадос и Гренада

Низата на карипски дестинации ја продолжува Барбадос со индекс 17, а потоа и Гренада со индекс 18. Се чини дека рецептот за здрав воздух е едноставен – живот на остров опкружен со океан.


Исклучоци во ладните краеви: Исланд и Нов Зеланд

Иако на листата доминираат топлите, тропски дестинации, во првите десет се нашле и две земји кои нудат поразлична клима, но еднакво квалитетен воздух.

Исланд: Оваа вулканска земја на север од Европа, со 372.520 жители, се наоѓа на 9 место со индекс 22. Јаките ветрови и геотермалната енергија го прават едно од еколошки најчистите места на планетата.

Нов Зеланд: Листата топ 10 ја затвора Нов Зеланд (AQI 24), докажувајќи дека и државите со поголема популација (над 5,1 милион) можат да одржат високо ниво на квалитет на живот и околината.