[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати

Точка

18/12/2025

08:10

1.250

Големина на фонт

а а а

Украинските сили погодиле танкер во руското пристаниште Ростов на Дон во текот на ноќешните напади, при што загинале некои од членовите на екипажот.

Ова го соопштил Јуриј Сљусар, гувернерот на Ростов, кој денеска рано објавил на Телеграм дека „украински воздушен напад со беспилотни летала сериозно го оштетил танкерот“, а според првите информации, има и непознат број на загинати членови на екипажот.

„Службите за итни случаи го гаснат пожарот на танкерот што беше погоден додека беше закотвен во напад со беспилотно летало. Истекувањето на нафтени деривати беше избегнато“, известија руските медиуми.

Напад еден ден по говорот на Путин

Дополнително, Сљусар рекол дека нападот оштетил мал дел од градската инфраструктура.

Нападот се случил еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рекол дека ќе ги постигне своите цели во Украина на еден или друг начин, односно дипломатски или воено.

Путин, исто така, нагласил дека неговите сили се во состојба на висока готовност во текот на целата 2025 година, но и дека се подготвени и да ја засилат својата офанзива. Според руските тврдења во текот на годината руските сили окупирале повеќе од 300 населени места во областа каде што моментално се борат украинските и руските сили.