„Instagram“ пристигнува на телевизорите: Претставена апликација што ги носи „Reels“ на големиот екран

Точка

18/12/2025

07:45

292

Големина на фонт

а а а

„Instagram“ официјално претстави нова апликација наменета за гледање содржини на телевизори, под името „Instagram for TV“. Засега, апликацијата овозможува исклучиво гледање на видеа од „Reels“, додека од компанијата порачуваат дека дополнителни функции веќе се во развој.

Новата апликација моментално е достапна во тест-фаза во Соединетите Американски Држави, и тоа на уредите „Amazon Fire TV“. „Instagram“ најави дека во наредните месеци апликацијата ќе се прошири и на други уреди, како и на дополнителни пазари.

„Instagram for TV“ им овозможува на корисниците да додадат до пет профили или да креираат посебен профил наменет исклучиво за ТВ-искуството. Содржината од „Reels“ е организирана во посебни канали, во согласност со интересите на корисниците, што го олеснува прегледот и откривањето нови видеоклипови.

Апликацијата располага и со опција за пребарување, благодарение на која корисниците можат да пронајдат креатори, профили и теми што ги интересираат. Од компанијата најавија дека во иднина ќе бидат воведени и дополнителни можности, како користење на мобилен телефон како далечински управувач, споделени фидови, како и унапредена навигација низ содржината.


„Instagram for TV“ го следи системот за оценување „PG-13“, а на тинејџерите им ги нуди истите безбедносни заштити што постојат и во мобилната апликација. Тоа вклучува ограничен пристап до содржини, коментари и профили кои се сметаат за несоодветни за корисници помлади од 18 години.