Најпознатиот алат на компанијата за развој на вештачка интелигенција „OpenAI“, чет-ботот „ChatGPT“, годишно троши околу 17,23 терават-часови (TWh) електрична енергија, што е повеќе од вкупната потрошувачка на Словенија.
Според истражување на Универзитетот Род Ајленд, „ChatGPT“ троши околу 0,189 киловат-часови по едно прашање, а годишната потрошувачка се заснова на пресметка дека 810 милиони активни корисници во просек поставуваат 22 прашања неделно, пренесува „Delo“.
На дневно ниво, „ChatGPT“ обработува повеќе од 2,5 милијарди прашања, што троши 47,2 мегават-часови (MWh) електрична енергија.
Оваа количина енергија е доволна за полнење на 238 милиони електрични возила со батерии со капацитет од 72,4 kWh.

За споредба, просечно домаќинство во Соединетите Американски Држави или во западна Европа дневно троши околу 29 kWh електрична енергија.
Претставникот на компанијата „Best Brokers“, Алан Голдберг, наведува дека енергетската ефикасност на системите се подобрува, но и дека растот на бројот на корисници и зголемената потрошувачка поради сè поголемата комплексност на AI моделите ги поништуваат тие заштеди.
Доколку не дојде до технолошки иновации, трошоците за користење на вештачката интелигенција би можеле дополнително да пораснат, предупредува Голдберг.





