Поразот од Џирона во петокот значеше трет натпревар без освоен бод во серија за Реал Сосиедад, а раководството денеска потврди дека е завршена соработката со досегашниот тренер.
Серхио Франсиско добил отка од баскискиот клуб и неговиот престој во екипата траеше само 16 натпревари во Ла Лига, на кои Сосиедад оствари само четири победи, а доживеа дури осум порази.
ℹ OFFICIAL ANNOUNCEMENT | Sergio Francisco will no longer coach the first team. pic.twitter.com/TU8YI46ZgX
— Real Sociedad 🇺🇸 🇬🇧 (@RealSociedadEN) December 14, 2025
Франсиско нема да го води денешниот тренинг и ќе биде привремено заменет од тренерот на вториот тим, Јон Ансотеги.
Клубот дополнително ќе бара долгорочно решение, а Ансотеги ќе го води тимот и на преостанатите две средби во пресрет на зимската пауза. Целта на раководството е навреме да ангажира нов тренер и тој да го води тимот на 4. јануари, кога Реал Сосиедад ќе се сретне со Атлетико Мадрид во првиот натпревар во новата година.
Во 2025 година, Сосиедад ќе игра во Купот со Елденсе, а потоа му гостува на Леванте во првенството.







