[ФОТО] Детали за падот на малиот авион во Мавровско езеро, повредени двајца Косовци

Точка

12/12/2025

13:38

2.257

Големина на фонт

а а а

Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион, потврдуваат од МВР.

Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото.

Me co-pilotin nje dite te bukur, mbi Tetove!✈️

Posted by Dukagjin Manxhuka on Thursday, December 11, 2025

Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош.

-Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, информира МВР.