Како ликот „Мистер Бин“ го добил името?

Точка

11/12/2025

19:30

331

Големина на фонт

а а а

Иако кариерата на Роуан Аткинсон е обележана со легендарни улоги во серии и филмови како што се „Blackadder“, „Love Actually“ и неодамнешниот хит на Нетфликс „Man vs. Baby“, за поголемиот дел од публиката тој засекогаш ќе биде „Мистер Бин“.

Во едно интервју, познатиот актер ја открил фасцинантната приказна за тоа како неговиот најпознат лик го добил своето име, пишува „LADbible“.

Потрагата по име

Ликот на „Мистер Бин“ е создаден уште во 80-тите години, а Аткинсон првпат го претставил на публика која не зборува англиски јазик на Фестивалот на комедија во Квебек во 1987 година, за да тестира дали хуморот може да функционира без дијалог. Кога тој и ко-сценаристот Ричард Кертис решиле да му дадат на ликот свое ТВ шоу, се соочиле со проблем – нивниот протагонист немал име.


Гостувајќи и на „BBC Radio 2“, Аткинсон објаснил: „Тоа беше лик, но никогаш немаше име, кое го развивме на сцената. Потоа решивме дека ќе го пуштиме на телевизија… мислевме дека треба да ја именуваме емисијата по ликот, но немавме име“.

Од г. Вајт (White) до зеленчук

Првичната идеја била прилично едноставна. „Некое време се викаше г. Вајт, многу благо име, но потоа се сетивме на зеленчук, од некоја причина зеленчукот се појави во дискусијата“, се присетил Аткинсон. Тогаш започнало креативното набројување.

„Во игра беше господин Карфиол (Mr. Cauliflower), господин Тиквички (Mr. Courgette), дефинитивно разгледавме неколку, а потоа Бин – „Bean“ (Грав) звучеше како краток, остар, едносложен збор со Б во него. Општо земено, зборовите што почнуваат на Б се малку посмешни според мене од зборовите што не почнуваат“, ја објаснил актерот својата необична теорија.

Обожавателите се воодушевени

Способноста на Аткинсон да создаде глобално препознатлив и сакан лик без ниту еден изговорен збор до ден-денешен продолжува да ги фасцинира обожавателите. Неговото објаснување за името само предизвика нови пофалби на социјалните мрежи.


„Одлично е како има толку одличен вокабулар и изговор, а е и еден од најдобрите неми актери“, напишал еден корисник. Друг додал: „Лудо е како создаде толку популарен лик без ниту еден збор“.