[ФОТО] Побизарно од ова не може: Мадона повторно успеа да го шокира светот, сите зачудено ги гледаат нејзините нови фотографии

Точка

11/12/2025

18:59

343

Големина на фонт

а а а

Мадона, која годинава наполни 67 години, повторно „крена прашина“ на социјалните мрежи објавувајќи нови фотографии на кои позирала во исклучително провокативно издание.

Поп-иконата се појавила во фустан инспириран од долна облека и во пози што многумина ги сметаат за ласцивни, а најголемо внимание привлече фактот што фотографиите биле направени во присуство на нејзините најмлади посвоени ќерки, близначките Стела и Естера, кои ги посвоила во 2017 година.


Со натпис „Добра недела за дивите“, Мадона објави серија фотографии во целосно розов стајлинг составен од фустан инспириран од долна облека и крзнено палто префрлено преку рамената.


Пејачката носела и ракавици со отворени прсти, мрежести чорапи и очила за сонце, кои многумина ги потсети на нејзината позната ера „Blond Ambition“ од почетокот на деведесеттите години.


Многу следбеници сметаат дека Мадона веќе одамна не треба да објавува вакви фотографии, а особено не во присуство на деца.


И додека некои ја бранат како „икона која има право да биде што ќе посака“, други истакнуваат дека „малку е тажно да се види како сè уште се обидува да привлече внимание со провокации“ и дека „можеби е посоодветно за нејзините години и статус да изгледа подостоинствено“.

МеѓСе Меѓутоа се чини дека таа воопшто не обрнува внимание на коментарите на нејзините следбеници.