Наполи го претрпе третиот пораз во шестиот натпревар во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Лисабон каде падна пред Бенфика со резултат 2-0.
Риос во првото и Бариос во второто полувреме беа стрелци за вредна победа на португалскиот тим кој сега има шест бода и може да се надева на пласман во нокаут фазата.
-Тимот се снаоѓаше добро 3-4 недели, видов добар настап против Спортинг, па очекував добар настап и тука. Исто така знаев дека се соочуваме со фантастичен тим на Наполи, со врвен тренер кој игра со оваа одбрана од тројца играчи што им создава проблеми на противниците, но се снајдовме многу добро и ја заслуживме победата, -истакна Жозе Мурињо.
Антонио Конте поголемиот дел од своите коментари по натпреварот ги помина објаснувајќи дека Наполи бил физички неспособен поради кризата со повреди и дека му недостигала острина, нешто на што Жозе пак одговори во негов стил.
- Да се каже дека Бенфика е физички посвежа, ми се чини како изговор. Добро го протолкувавме натпреварот, решив да го ставам Ивановиќ наместо Павлидис во нападот и тоа го промени начинот на кој напаѓаме. Павлидис е некој што прави движења со средниот ред што им олеснува на тим како Наполи да го притиснат. Ивановиќ дава поголема нестабилност на тим што се брани со тројца играчи.
- Играчите покажаа карактер и интелигенција, менталитет на Бенфика, што значи дека кога имате најголеми тешкотии, се искачувате напред. Знаевме дека без победа тука, ќе бидеме елиминирани, но сега кога имаме шест бода, сме во игра, - порача „специјалниот“.







