Дел од шпанската јавност веќе некое време пишува дека одредени фудбалери на Реал Мадрид му режираат „местенка“ на Чаби Алонсо за да заработи отказ, но ако се суди според изданието кое го имаше шпанскиот тим против Манчестер Сити, навистина не може да се извлече таков заклучок.
Секој играч кој доби шанса на теренот даде се од себе за да се избегне пораз до последната секунда, а во такви услови, Чаби немаше никакви забелешки по крајот на дербито и покрај поразот од 1:2.
Алонсо се чувствува силно и нагласи дека е подготвен да се носи со притисокот во оваа тешка ситуација, но уште попозитивно за тренерот е што зад него стојат и фудбалерите.
Тибо Куртоа по натпреварот нагласи дека цела соблекувална стои зад Чаби, бидејќи во спротивно, овој натпревар со Сити ќе завршел со резултат 0:6.
– Не заслуживме да загубиме од Сити, ова беше натпревар на кој се играше отворено и на кој имаше доста шанси за двата тима. Голот за 1:1 е моја мала грешка, а потоа брзо постигнаа гол за 2:1. Во второто полувреме ние го контролиравме темпото, создававме шанси, но во овој момент не ни оди баш добро, топката не не сака.
– Не сме во добра серија на резултати, но сега покажавме дека стоиме зад тренерот. Загубивме од силен ривал, од тим од кој може секој да загуби. Сите сме загрижени, но и подготвени да го дадеме максимумот и да излеземе од оваа ситуација. Ќе играме до смрт за Чаби, – изјави Кутоа и дополни.
– Цел тим е зад Чаби, мислам дека тоа го покажавме со изданието. Ако некој не стоеше зад тренерот и сакаше да го намести, ќе го загубевме овој меч со 0:6. Цел тим се бореше до послендата секунда и го оставивме срцето на теренот, – заврши Тибо.







