Ја обвинуваа за естетски операции, но мис Словачка го откри „рецептот“ за големи гради

Точка

11/12/2025

12:59

1.579

Големина на фонт

а а а

Вероника Рајек е словачка манекенка и инфлуенсерка. Со моделинг започнала на 16-годишна возраст, а поголема препознатливост стекнала со учество на избори за убавина, меѓу кои и Мис Словачка.

Во центарот на вниманието се најде во 2022 година, кога присуствуваше на натпреварот помеѓу "Tampa Bay Buccaneers" и "New Orleans Saints", во кој Том Брејди ја предводеше својата екипа до победа.

По натпреварот, Вероника на "Instagram" објави фотографии во дресот на Брејди.


„Го видов легендарниот човек и ако некој повторно ме праша дали го сакам Брејди – да, го сакам, и покажете ми некој што не го сака. Дури и неговите хејтери го сакаат, затоа што знаат кој е тој“, напиша таа.

Објавата предизвика бројни реакции, а многумина коментираа дека Вероника наводно се обидува да го „заземе местото“ на поранешната сопруга на Брејди, Жизел Бундшен.


Откако ја објави фотографијата, почнаа да кружат шпекулации за можна романса меѓу Вероника и Брејди, но двајцата никогаш не проговорија на таа тема.

Финалистката на Мис Словачка 2016 година често беше мета на злобни коментари и обвинувања дека има направено естетски корекции, но таа тврди дека тоа не е точно. Во поткастот „Pillow Talk“ откри дека „градите се нејзини“.


„Немав големи гради додека бев помлада, затоа што осум години тренирав атлетика. Едно лето се сончав гола и пиев пиво. Тогаш ми пораснаа вака. Ако сакате големи гради — пијте пиво!“, се пошегува Вероника.