Горан Миќиќ е еден од најдобрите тату артисти во Македонија којшто воедно има голем придонес во уметноста на телата.
Тој првата тетоважа ја направил на само 13 години, но од денешен аспект вели дека таа возраст не е соодветна за тетоважи.
Без оглед на неговата успешна и плодна кариера, Миќиќ на социјалните мрежи објави дека ја водел една од најтешките битки во животот – онаа со канцерот.
Тој во објавата вели дека не му е цел да го сожалуваат туку да помогне на некој на којшто му треба било каков совет доколку се бори со истата болест.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда.
За некои луѓе немам зборови“, напиша Миќиќ и во објавата ги означи неговата сопруга, потоа Перо Антиќ, психологот Ивана Хаџиванова и уште еден пријател.

Тој сподели и низа фотографии на кои може да се видат ехо снимки и извештаи од дијагнозата, прошетки на сонце со сопругата, но и болните моменти од болничкиот кревет.
Во коментари пријателите му посакале брзо закрепнување.















