[ВИДЕО] Паника на божиќна парада: Залутана мечка ги шокирала насобраните

Точка

09/12/2025

19:53

547

Големина на фонт

а а а

Црна мечка се појавила на рутата на божиќната парада во сојузната американска држава Тенеси и станала главна атракција за насобраните.

Мечката одненадеж се појавила во петокот на 50-тата годишна божиќна парада во Гетлинбург, пренесе „Њујорк пост“.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа запрепастени луѓе како ги вадат своите телефони додека мечката ја трансформирала исчистената улица во своја писта, украсена со празнични светла. Насобраната толпа покрај улицата, која беше празна освен залутаната мечка, можела да се чуе како вика додека животното мирно се упатило кон паркингот. „Ја чекаме божиќната парада и се појави мечка!!!“ објавила една возбудена корисник. Но, појавувањето на мечката не било забавно за сите.

Агенцијата за заштита на дивите животни во Тенеси за „WVLT“ изјавила дека снимената мечка можеби е навикната на контакт со луѓе и можеби ќе треба да се усмрти ако почне да ги гледа луѓето како извор на храна.

„Во одреден момент, таа мечка ќе дојде во физички контакт со човек и веројатно ќе мора да биде усмртена поради своите постапки, затоа помогнете нѝ да ги одржиме мечките диви, да ги одржиме живи и да уживаме гледајќи ги околу луѓето без тие да покажат никаква навикнатост на луѓе – што е она што го гледате овде“, изјавил за медиумите Мет Камерон, портпарол на агенцијата.


Мечките обично бегаат од луѓето, наместо да бараат нивно внимание и наклонетост како кучињата или мачките, истакнал Камерон. Црната мечка подоцна била видена како копа низ канти за ѓубре. Градот реинвестирал во канти и контејнери отпорни на мечки и ги охрабрува жителите да ги користат правилно за да ги држат мечките подалеку од градот.

Инаку Гетлинбург е познат како порта кон Националниот парк „Great Smoky Mountain“, огромна дива област во која живеат околу 1.500 мечки, според податоците на градот.