За студените зимски денови идеален е брзиот и едноставен десерт – чоколаден мус со тиква, кој можете да го подготвите за миг, а уживањето во него не бара многу време ниту труд.
Со кремаст и богат вкус, овој мус е совршен избор за љубителите на тиква и чоколада.
Потребни состојки:
• 1 порција смеса од тиква (печена и пасирана)
• 75 гр. темно чоколадо
• 1 лажичка кокосово масло

Подготовка:
Растопете го темното чоколадо и додајте лажичка кокосово масло — на пареа или во микробранова печка. Откако ќе ја испечете тиквата, испасирајте ја и додајте ја растопената чоколада, па добро промешајте за да добиете мазна и кремаста смеса.
Мешајте додека смесата не стане целосно хомогена. Распоредете ја во мали садови или чаши по желба. Ставете го мусот во фрижидер на неколку часа за убаво да се излади и да се стегне.
По желба, десертот можете да го украсите со чоколадни трошки, кокос или јаткасти плодови.






