[ФОТО/ВИДЕО] Како изгледаат државните станови од 21 метар квадратен наменети за млади во Холандија – чинат 45 илјади евра

Точка

10/12/2025

12:09

786

Големина на фонт

а а а

„QSpace“ е модуларна биокомпозитна станбена единица од 21 метар квадратен која ја произведува компанијата „Holland Composities BV“.

Холандската фондација „Stichting Nieuw Thuis“ насочена да нуди помош на различни групи од општеството, да се интегрираат и да станат самостојни членови на Холандија, нарачала масовен проект којшто вклучува 144 „QSpace“ станбени единици.

Надградбата е некогашен концепт на „Spacebox“ – дизајниран за итни, привремени или трајни станбени потреби.

„QSpace“ е идеален за студенти, мигранти, здравствени работници и слични групи кои се во потрага по брзо и флексибилно станбено решение.

„QSpace“ може лесно да се сложи и поврзе, а изграден е од одржливи материјали како „Duplicora“. Просторите се компактни, модерни и опремени со сѐ што е потребно за живот. Модуларниот простор од 21 метар квадратен опфаќа дел за спиење, кујна, тоалет со лавабо, туш и ВЦ-школка.

„QSpace“ доаѓа и со комплетна електрична инсталација, греење, бојлер за топла вода и кабелски приклучок за пренос на податоци.


Достапни се различни конфигурации, бои и завршна обработка. Почетната цена им е релативно ниска и изнесува 45 илјади евра по единица.

Првата населба со „QSpace“ модуларни единици поставена била во Ротердам и вклучува 144 модуларни станови, а наменета е за млади кои им е потребно итно сместување.