„TasteAtlas“ ги додели годишните награди: Македонската кујна дел од 100-те најдобри кујни на светот – еве како е рангирана

Точка

08/12/2025

16:35

435

Големина на фонт

а а а

Гастро-водичот „TasteAtlas“ ги објави своите годишни топ-листи, а на листата на најдобри кујни во светот се најде и македонската и тоа на 53-то место.

Секоја година „TasteAtlas“ објавува листа на најдобри кулинарски дестинации, најдобри јадења и најдобри кујни во светот, а неодамна ги објавија резултатите за 2025 година.

Врз основа на 453.720 оценки за 11.781 јадење во нивната база на податоци, тие ја креираа листата на најдобрите јадења, а на првото место се најде супата Вори-вори од Парагвај со оцена од 4,64. На второ место е наполитанската пица со оцена од 4,58, а на третото се најде уште еден италијански специјалитет - Таџарин ал тартуфо бианко д’Алба (4,52).


Со оценка од 4,14, македонската кујна се најде на 53-то место меѓу најдобрите светски кујни. Меѓу традиционалните специјалитети што имаат високи оценки на „TasteAtlas“ се ајвар, лутеница, зелник, охридска пастрмка, сарма и пинџур, како и полнети пиперки, тавче гравче и пастрмајлија.


Италијанската кујна традиционално е на првото место, по што следат грчката, перуанската, португалската и шпанската кујна.


На листата на најдобрите кулинарски дестинации во светот доминираат италијанските градови. Првото место го зазеде Неапол, а по него следат Милано, Болоња и Фиренца.

Кога станува збор за градовите од поранешна Југославија, Белград, Загреб, Сараево и Сплит исто така го најдоа своето место на листата, а српската кујна е позиционирана на високо 12-то место.