Појадокот на Бела Хадид го обожаваат и Македонците: Каква е исхраната на манекенката благодарение на која изгледа фантастично?

Точка

08/12/2025

14:15

813

Големина на фонт

а а а

Манекенката Бела Хадид има едноставен принцип кога станува збор за исхраната.

Супермоделот Бела Хадид својата одлична форма на тело ја должи на избалансираната исхрана и тренингот.

Нејзиниот нутриционист Чарлс Пасле, вели дека манекенката се придржува до исхрана која е богата со протеини и умерена доза на јаглехидрати.

Тоа помага да ја одржи мускулната маса, а истовремено да има доволно енергија за својот луд распоред и напорните тренинзи.


Утринска доза протеини

Појадокот кај Бела Хадид е задолжителен, а протеините се неговата главна состојка.

Таа вообичаено денот го започнува со јајца и колбаси што дава солидна доза на протеини кои ја одржуваат енергијата во текот на утрото. Овој појадок е полн со протеини кои ја поддржуваат мускулната маса, а истовремено ве држат сити до ручек.

Ручек

За ручек Бела вообичаено бира опции богати со протеини, како лосос со зеленчук, тестенини со протеини или пилешко со кафеав ориз. Овие комбинации се состојат од избалансирани протеини, сложени јаглехидрати и есенцијални хранливи материи кои го снабдуваат телото со важни нутриенти, а истовремено ги подджуваат фитнес-целите на манекенката.


Ужина

Помеѓу оброците Бела ја одржува стабилноста на енергијата со паметни грицки. Нејзините омилени оброци вклучуваат стапчиња од целер со путер од индиски ореви којшто содржи баланс на растителни влакна, здрави масти и протеини.

Исто така обожава бобинки, моркови и хумус.

Вечера

Бела главно вечера порано, бирајќи полесни и похранливи опции како што е динстуван кељ. Ова на нејзиното тело му дава доволно време да ја свари храната пред спиење, што може да помогне во закрепнувањето на телото и да спречи непријатност која настанува поради спиење со полн стомак.