Овие четири ѕвезди финансиски ги покорија социјалните мрежи: Еве кои се најбогатите креатори на содржина во светот

Точка

06/12/2025

10:09

722

Големина на фонт

а а а

Креирањето содржина од спореден ангажман прерасна во исклучително исплатлива кариера за многумина. Денес креаторите не заработуваат само милиони благодарение на својата креативност – приходите што ги остваруваат им овозможуваат да инвестираат и во сопствени претприемачки проекти.

Ова веќе не е само забава, туку сериозен бизнис во кој се вртат огромни суми.

"MrBeast"

"MrBeast" е веројатно најпопуларниот креатор на содржина во светот. На различни социјални мрежи има повеќе од 500 милиони следбеници, а на „YouTube“ импресивни 380 милиони претплатници. Од преживување на импровизиран сплав во отворено море до реконструкција на предизвиците од серијата „Squid Game“, секое негово видео во просек достигнува околу 100 милиони прегледи.

Проценките се дека неговите приходи од креирање содржина, линијата облека и брендот „Feastables“ (грицки и чоколади) надминуваат 600 милиони долари годишно.


Дар Ман

Дар Ман создава видео-содржини на теми како врсничко насилство, расизам и неправедност. Има огромна база од околу 120 милиони следбеници на социјалните мрежи и речиси 25 милиони претплатници на својот главен „YouTube“ канал.

Освен што снима видеа, тој ја води и креативната агенција „5th Quarter Agency“ и beauty брендот „LiveGlam“. Неговиот годишен приход се проценува на околу 45 милиони долари.


Чарли Д'Амелио

Чарли Д'Амелио се прослави на TikTok со своите танчерски клипови. Денес има повеќе од 200 милиони следбеници на различни платформи, од кои 157 милиони само на "TikTok".

Соработувала со брендови како „Garnier“ и „CeraVe“, а се појави и во бродвејскиот мјузикл „Romeo & Juliet“. Нејзиното богатство се проценува на околу 45 милиони долари.


Мет Рајф

Stand-up комичарот Мет Рајф направи огромен продор. Неговиот брз, остар хумор му донесе повеќе од 33 милиони следбеници на социјалните мрежи.

Се појави во „Netflix“ специјалите „Matt Rife: Natural Selection“ и „Matt Rife: Lucid – A Crowdwork Special“, а ја објави и автобиографијата „Your Mom’s Gonna Love Me“. Неговата годишна заработка спаѓа меѓу највисоките во светот на креаторите на содржина — дури 50 милиони долари.