„Филип Морис“ го носи ZYN во Формула 1 – глобалниот лидер на болидите на „Ферари“

Точка

05/12/2025

14:02

148

Големина на фонт

а а а

„Филип Морис Интернејшнл“ (PMI) објави ново поглавје во својата соработка со „Скудерија Ферари ХП“ (Scuderia Ferrari HP) и „Ферари челинџ трофео Пирели“ (Ferrari Challenge Trofeo Pirelli), престижен шампионат во мотоспортот кој постои од 1993 година.

Проширувањето на партнерството носи важна новина - од сезоната 2026, водечкиот светски бренд на никотински ќесички¹ ZYN ќе се појавува на болидите на Ферари за време на одбрани трки од Формула 1.

Овој потег го потврдува долгогодишниот дух на иновации и незаборавни искуства кои го одбележуваат едно од најсилните партнерства во историјата на спортот што трае повеќе од 50 години. ZYN брендингот за првпат ќе се појави на болидите на Ферари на Големата награда на Абу Даби на 7 декември годинава.


- „Филип Морис Интернејшнл“ ја споделува желбата за иновации и предизвикување на статус кво со „Скудерија Ферари ХП“ во корист на милиони возрасни лица кои ја делат истата страст. Со приклучувањето кон оваа сфера, ја покажуваме нашата посветеност кон ова патување – изјави Стефано Волпети, претседател на категоријата производи без чад и главен директор за потрошувачи во „Филип Морис Интернејшнл“, кој додаде:

- Со понатамошно зајакнување на партнерството со „Скудерија Ферари ХП“, сакаме да ја забрзаме замената на цигарите и да им овозможиме на нашите возрасни потрошувачи на никотински производи, како што е ZYN, да уживаат во секој момент од ова возбудливо возење.

Лоренцо Џорџети, директор на приходи од трките во „Ферари“ рече:

- „Ферари“ секогаш ги ценел партнерствата засновани на иновации, одговорност и визија за постојано унапредување, со поглед насочен кон иднината. Нашето обновено партнерство со „Филип Морис“ е конкретен израз на тој пристап и продолжување на односот што трае повеќе од педесет години, заснован на научен напредок и долгорочно размислување. Како што „Филип Морис“ напредува во развојот на алтернативи без чад, горди сме што напредуваме заедно, обединувајќи ги вредностите на извонредност, дисциплина и иновации, за да создаваме напредок на патеката и надвор од неа.