Од Северниот Пол директно на кровот на Skopje City Mall. Вчерашниот ден донесе вистински спектакл. Токму во моментот кога се запалија светлата на новогодишната елка и молот блесна во празничен сјај, посетителите беа изненадени од поглед што ретко се гледа: огромен балон на топол воздух кој се појави над градот, а во него, Дедо Мраз.
Скопје за миг стана новогодишна сцена. Децата и возрасните истрчаа кон кровот на Skopje City Mall, каде одблизу го пречекаа балонот што неколку часа го држеше градот во исчекување. Атмосферaта беше како од филм, светилки, музика, празничен дух и многу возбуда.
Со вчерашното слетување на балонот официјално започна и можноста за незаборавно празнично искуство за најсреќните посетители на Skopje City Mall.

Сите кои до 26.12 ќе направат сметка над 500 денари во било која од продавниците во молот, автоматски учествуваат во новогодишниот giveaway организиран од Skopje City Mall.
Сметките може да се пријават на брендираниот пулт кај главниот влез, каде посетителите пополнуваат кратка форма и стануваат дел од програмата на giveaway.

Најсреќните добитници ќе имаат единствена можност да се издигнат неколку метри над кровот на молот, во балонот заедно со Дедо Мраз, со панорамски поглед кон празничното Скопје.
Празничната програма продолжува во текот на целиот месец, исполнета со:
• City Театар - новогодишни претстави
• Појадок со Дедо Мраз
• Матине забави
• Читање новогодишни сказни
• Детски креативни работилници
• Работилница за возрасни за изработка на новогодишни венци
• Саем на книга во молот
• Новогодишен базар
• Хуманитарни настани
• Портрети на посетителите нацртани од роботска рака
А најголемите празнични настани ќе се случат на 20.12 и 28.12 - две големи rooftop дружби со повторно полетување на балонот за најсреќните добитници и целодневна празнична програма.
Следете ги сите новости за програмата низ целиот месец, период кој ќе биде исполнет со радост, изненадувања и новогодишна магија во Skopje City Mall.
Повеќе информации на социјалните мрежи на Skopje City Mall и skopjecitymall.mk.








































