Родителите на Џуд Белингем и Родриго, се грижат за нивните кариери. Нови детали продолжуваат да се појавуваат за случувањата зад сцената во Реал Мадрид. Веќе е познато дека односот помеѓу Чаби Алонсо и одредени играчи во соблекувалната не е идеален, но тоа не е единствениот проблем.
Според „Атлетик“, таткото на Родриго и таткото на Џуд Белингам редовно контактираат со клупските челници за да разговараат за улогите на нивните синови во тимот.
Додека Белингам, и покрај малку послабите игри, сè уште има статус на клучен играч, Родриго падна во втор план и поголемиот дел од времето го поминува на клупата, што предизвика незадоволство кај неговото семејство.
Минатата недела, шпанските медиуми, објавија дека Флорентино Перез донел одлука да го продаде Родриго. Бразилецот може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, но не за сума помала од 80 милиони евра.
Сето ова создава дополнителен притисок врз Алонсо, особено во време кога резултатите на Реал не се идеални. Реал, вчера во Билбао ја прекина серијата од три нерешени резултати во првенството.






