Наполи после голема пенал драма го мина Каљари и се пласираше во четвртфиналето во Копа Италија, а човек на одлука во пенал рулетот беше Вања Милинковиќ-Савиќ.
Во интересна серија со 20 изведени пенали, на крајот како одлувачка се покажа одбраната на српскиот голман во десеттата серија, како и реализацијата на Бонџорно кој сепак не беше баш најсигурен при изведувањето.
Претходно, Вања покажа огромна доза на самодоверба и изведе моќен пенал во седмата серија, односно беше следен изведувач после Елиф Елмас.
Србинот испрати силен удар и не му даде никаква шанса на противничкиот колега, а по натпреварот, реши да го истрола и Бонџорно кој биеше доста побавно од него.
– Јас тренирам пенали за да ги одбранам, а не за да ги давам. Имаме добри изведувачи на пенали, но ако е потребно, јас немам проблем да изведам пенал. Го видовте епилогот, а сигурно шутирав подобро од него, – изјави Вања покажувајќи кон Бонџорно.






